Рејтинзите се речиси идентични со оние од октомври 2022 година
Расположението да се излезе на гласање е поголемо кај постарата споредено со помладата популација
ВМРО-ДПМНЕ има предност од 8 процентни поени пред СДСМ, покажува делот за рејтинзите на политичките партии во денеска објавената анкета на ИРИ (Меѓународниот републикански институт). Истражувањето на јавното мислење е спроведено преку интервјуа во живо, на репрезентативен примерок од 1 204 жители на земјава, во периодот меѓу 8 април и 4 мај 2023 година.
На прашањето: „Ако парламентарните избори се одржат претстојната недела, за која партија би гласале (ако воопшто гласале)?“ Одговорите се следни:
- ВМРО-ДПМНЕ – 19%;
- СДСМ – 11%;
- ДУИ – 8%;
- Алијанса за Албанците – 5%;
- Беса – 4%;
- Левица – 4%;
- Демократска партија на Турците – 1%;
- Алтернатива – 1%;
- Други – 3%;
- Ќе заокружам празно ливче – 3%;
- Нема да гласам – 15%;
- Не знам – 18%;
- Одбива да одговори – 5%.
Ако се разгледаат податоците од претходните анкети на ИРИ, каде што е поставено истото ова прашање, очигледно е дека речиси и да нема поместување споредено со истражувањето на јавното мислење спроведено во октомври 2022 година. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имале ист рејтинг како и сега, додека ДУИ бележи напредок од еден процентен поен. Од помалите партии се забележува пад на поддршката на Левица, од 6% на 4%.

На посебно поставеното прашање: „Дали би гласале/не би гласале ако изборите се одржат претставуванава сабота“, 64% од граѓаните одговориле дека ќе сигурно или веројатно ќе излезат да гласаат.
Видливо е, сепак, дека расположението за гласање е повисоко кај повозрасните категории на граѓани, споредено со помладите. Односно според возрасната група:
- 18-35 години, на гласање би излегле 61%;
- 36-55 години, на гласање би излегле 66%;
- 56+ години, на гласање би излегле 66%.
