Се сетира тајмингот да биде соодветен, односно да ја помогне дебатата и дискусијата, а јас мислам дека важен момент ќе биде самото поднесување бидејќи тогаш очекувам да имаме суштинска дебата по однос на содржината на амандманите за уставните измени, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостување на ТВ Канал 5
Османи вели дека во моментот се прават последните подготовки на уставните измени и дека според неговите очекувања тие ќе бидат доставени до Собранието за брзо време, со што конечно во јавноста, но и во законодавниот дом ќе може да почне суштинската дебата по однос на содржината на амандманите.
„Се прават последните подготовки. Јас очекувам да биде тоа брзо. Се сетира тајмингот да биде соодветен, односно да ја помогне дебатата и дискусијата“,
рече Османи.
Според министерот, од голема важност е моментот кога Владата ќе ги испрати амандманите и кога ќе започне дебатата велејќи дека тогаш јавноста ќе може да го даде своето мислење и да одлучи на „ферски“ начин – дали се тоа лоши или добри формулации.
„Ние треба полека да ги тргнеме тие слоеви на пропаганда за да стигнеме до суштината на уставните измени“,
кажа Османи.
Според Османи, тоа што сега се зборува за измените е само партиска политика, а граѓаните не ја знаат суштината на текстот, односно, вели, луѓето се изненадуваат кога ќе се соочат со текстот бидејќи тоа е сосема различно од она што се нуди во медиумскиот простор.