Од фирма за производство на канабис за медицински цели во село Сопот се одземени 225 килограми сув цвет марихуана, 111 килограми биомаса и 950 семки за канабис, кои биле наменети за црниот пазар. Од МВР соопштија дека вредноста на запленетиот канабис е во висина од околу половина милион евра
При претресот, полициските службеници пронашле сув цвет од канабис во сеф собата на компанијата, кој не бил спакуван и означен согласно законските прописи, додека, пак, во останатите простории во фирмата е пронајдена сува маса од канабис за која правното лице не доставило известување до Комисија од Министерството за здравство. Покрај тоа, компанијата не пријавила ниту колкава количина финален сув производ бил произведен, со што постапиле незаконски.
„Иако биле должни да ја известат Комисијата, тоа свесно не го правеле, со цел непријавената произведена марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист во вкупна вредност од половина милион евра. Одземената дрога е предадена во Агенцијата за одземен имот“,
велат од МВР.
Во акцијата се запленети 225 килограми сув цвет марихуана, 111 килограми биомаса и 950 семки за канабис, кои биле наменети за црниот пазар.