Во среда продолжуваат разговорите во формат на работни групи и коe било решение за кое сметаме дека е системско и одржливо решение, за да ја зголеми ефикасноста на јавниот сектор, продуктивноста и секако ефективноста, a тоа e позадоволни граѓани, ние ќе го поддржиме, вели Битиќи
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека ќе продолжи дијалогот со синдикатите со цел да се најде решение за методологијата на раст на платите во јавниот сектор.
Тој кажа дека не знае од каде е предлогот за 14 отсто, иако денеска по седницата на Економско-социјалниот совет, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека предлогот на синдикатите е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и сите да добијат исплата на регрес за годишен одмор.
„Не знам од каде е излезен процентот 14. Денеска на Економско-социјалниот совет, во помал состав, без Организацијата на рабoтодавачите, зборувавме за методологијата која претходно се обидувавме да ја усогласиме, а тоа е да методологијата на платите во јавниот сектор биде заснована на просечната плата помножена со коефицент, со период на прилагодување, за да дојдеме до тој модел. Секако, во среда продолжуваат разговорите во формат на работни групи и коe било решение за кое сметаме дека е системско и одржливо решение, за да ја зголеми ефикасноста на јавниот сектор, продуктивноста и секако ефективноста, a тоа e позадоволни граѓани, ние ќе го поддржиме. Сметаме дека дискусијата за платите на функционерите 1 060 наспроти 136 000 фукционери не е работа за дискусија. Решението кое ќе го дадеме ќе биде аплицирано за сите, а што е тоа, секако преку дијалог кога ќе го постигнеме ќе можеме да го кажеме“,
кажа Битиќи и рече треба да се изнајде сеопфатно решение.
Синдикатите бараат и враќање на платите на функционерите на нивото од пред одлуката на Уставен суд, а зголемувањето на платите да биде исто за сите.