На крајот на 2022 година бројот на активни претплатници во мобилната телефонија достигнал 1 932 871

Лани, до крајот на годината, 1 458 377 претплатници користеле интернет преку мобилна мрежа.
Податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) покажуваат дека најголем удел во бројот на претплатници по таа основа со 48,66 проценти има „А1 Македонија“, по што следуваат „Македонски телеком“ со 47,50 проценти, „Лајкамобајл“ со 2,05 проценти, „Роби“ со 1,64, „Греен мобиле“ со 0,12 и МТЕЛ со 0,03 проценти.
„На крајот на 2022 година бројот на активни претплатници во мобилната телефонија достигна 1 932 871. Од нив, 739 078 се припејд претплатници, 944 394 резиденцијални постпејд, а 249 399 деловни постпејд претплатници“,
се вели во соопштението од Агенцијата за електронски комуникации.

Во вкупниот број на активни претплатници во четвртиот квартал од 2022 година, според податоците од АЕК, „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“ имаат по 47,83 проценти удел, „Лајкамобајл“ 2,88, „Роби“ 1,23, МТЕЛ 0,12 и „Грин мобајл“ 0,11 проценти.
„По основа на приходи од обезбедување на мобилни комуникациски услуги, на малопродажно ниво, во четвртиот квартал од 2022 година најголем удел има ‘Македонски ѕелеком’, 51,12 проценти, пред ‘А1 Македонија’, 47,20 проценти, ‘Роби’ 0,86 проценти, ‘Лајкамобајл’, 0,66 проценти, ‘Грин мобајл’, 0,12 проценти и МТЕЛ, 0,03 проценти“,
се додава во соопштението од АЕК.
Во четвртиот квартал, велат од АЕК, лани се регистрирани 438 586 фиксни линии, од кои на „Македонски телеком“ отпаѓаат 51,20 проценти, на „А1 Македонија“ 42,29 проценти.
