Несреќата се случила утринава во центарот на Скопје, а по ударот од градежната машина жената починала на самото место
Шеесет и шестгодишна скопјанка почина откако утринава во неа удри багер, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Несреќата се случила утринава на улицата „Јордан Мијалков“ во центарот на Скопје откако 42-годишен маж со иницијали И.А., кој управувал со градежната машина, удрил во жената.
Таа починала на самото место, а нејзината смрт ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
На местото е извршен увид од страна на јавен обвинител.