На местото каде се случил инцидентот има полициско присуство, но засега нема официјални информации од МВР за тоа што точно се случило

Откако малолетен пешак бил прегазен вечерва во скопската населба Карпош 4, кај Трговскиот центар „Антико“ дошло до кавга која потоа прераснала во физичка пресметка со боксови и клоци, пренесува „Макфакс“.
Според неофицијални информации, пешакот е вон животна опасност и во добра состојба. Случајот е пријавен и во полиција, чии службеници интервенирале. На местото на тепачката пристигнале и екипи на Брза помош кои ја укажале потребната помош.
На местото каде се случил инцидентот има полициско присуство, но засега нема официјални информации од МВР за тоа што точно се случило.
