Од вкупната казната, тој треба да издржи уште четири години и 10 месеци
Полицијата во Скопје синоќа фатила бегалец кој бил осуден на 13 години и 5 месеци затвор, соопшти МВР.
Станува збор за 41-годишник од Скопје кој е осуден за три кривични дела: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, тешка кражба и разбојништво.
Скопјанецот бил баран по наредба на „Идризово“ каде што ја издржува затворската казна.
Од вкупната казната, тој треба да издржи уште четири години и 10 месеци.
