Противкандидатка на скопскиот средношколец му беше Ива Трпески, ученичка од Кичево. По објавувањето на резултатите, Муахмед ја поканил таа да биде прва потпретседателка, а таа во изјава за медиумите рече дека изборот бил организиран на демократски начин и дека Сојузот на средношколци, како што рече, е целосно сплотен

Сојузот на средношколци има нов претседател. На денешниот трет конгрес, делегатите за нов лидер го избраа Берин Мухамед, кој е ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“.
Мухамед има двегодишен мандат да го предводи Средношколскиот сојуз. Како и Трпески, и тој досега беше дел од Извршниот одбор на Сојузот и координатор на младинските амбасадори.
Мухамед има двегодишен мандат како претседател, а досега беше дел од Извршниот одбор на сојузот и координатор на младинските амбасадори. Во првата изјава за медиумите најави дека ќе работи на унапредување на заложбите и работата на неговиот претходник Лука Павиќевиќ.
„Сакам да ја поддржам младинската работа. Второ, приоритет ќе бидат учебниците затоа што немаме доволно учебници во училиште, некои фалат, некои се стари. Мислам дека е добра идеја да ги има печатени, а другите електронски“,
рече Мухамед.
Противкандидат на скопскиот средношколец му беше Ива Трпески, ученичка во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, која е дел од Извршиот одбор и е одговорна за администрација.
По објавувањето на резултатите, Муахмед ја поканил таа да биде прва потпретседателка, а таа во изјава за медиумите рече дека изборот бил организиран на демократски начин и дека Сојузот на средношколци, како што рече, е целосно сплотен.
Мухамед освои 54 отсто, а Трпески 46 отсто од гласовите на делегатите.
Досегашниот лидер Лука Павиќевиќ соопшти дека на Конгресот учествувале повеќе делегати од територијата на цела држава со опфат на сите статистички региони.
Досегашниот претседател Павиќевиќ, кој по две години го завршува мандатот, како и средното образование, изјави дека е најзадоволен е од тоа што Сојузот на средношколци е „обединет по сите линии“. Иако само дел од неговата програма била исполнета, тој рече дека е горд на тоа што Сојузот на средношколци се наметнал како единствената активна сила во нашето општество, која „навистина го цени и го поставува образованието како најважен општествен сегмент и стожерен процес“.