Лице, кое на 18 март било згрижено во Домот за стари лица во Битола, е дијагностицирано со ковид-19, поради што во тек се тестирања на сите штитеници таму и на персоналот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Тој објасни дека ова лице, откако било примено во Домот, било хоспитализирано на инфективното одделение во тамошната болница поради зголемена температура, по што брисот покажал дека е позитивен на коронавирус.
Поради тоа, земени се брисеви од сите лица што биле во другите соби и од персоналот и, исто така, извршено е темелно чистење и дезинфекција. Филипче најави дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја испита целата постапка од приемот до давањето третман на ова лице.