Полициската управа на Твитер напиша дека биле известени за пријави за поставени експлозивни направи во училиштата во повеќе градови, но и во Собранието

Зградата на црногорскиот парламент утрово е евакуирана поради дојава дека во таа институција била поставена бомба.
Од Полициската управа информираат дека дојавата е пристигната утрово во 07:50 часот.
„Припадниците на полициската управа преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност и се проверуваат информациите“,
велат од полицијата во Подгорица.
Дојави за бомби утрово добиле и неколку училишта во Подгорица, информираат од Министерството за образование за „Вијести“.
Како што пренесуваат медиумите, според полицијата во Никшиќ, информации за подметнати бомби стигнале на мејл-адресите на голем број директори на основните и средните училишта во Никшиќ, па наставата била прекината, а полицијата е на терен.
Полициската управа на Твитер напиша дека биле известени за пријави за поставени експлозивни направи во училиштата во повеќе градови, но и во Собранието.
„Полицијата согласно утврдените процедури ги презема сите активности од нејзина надлежност“, велат оттаму на Твитер.