Според раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи, Митко Темелкоски, лизгањето на земјиштето настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења
Силно невреме проследено со врнежи од дожд и град денеска доцна попладне предизвика свлечиште на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај селото Љубаништа.

Поради свлечиштето, од 19:15 часот во целосен прекин е сообраќајот на патот, изјави за МИА раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи, Митко Темелкоски.
Лизгањето на земјиштето, како што објаснува тој во изјавата, .
„Поради голема количина вода за кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот. Екипи на ‘Македонија пат’ и јавното претпријатие ‘Охридски комуналец’ се на терен и работат на расчистување на патот“,
изјави Темелкоски.
Според него, досега немало пријавено штета, освен реакции од граѓани поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија.
Невреме со обилни врнежи од дожд попалднево го зафатија и Прилеп поради што на некои места има излевање на реката од речното корито, соопштија вечерва од Центарот за управува со кризи (ЦУК).
Од Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп побарани се дополнителни дежурни екипи од локалната Територијална противпожарна единица (ТППЕ-Прилеп) и Јавното претпријатие „Водовод“ доколку е потребно да интервенираат поради зголемениот водостој на реките.