Интензивен локален дожд зафати делови на главниот град попладнево.
Управата за хидрометеоролошки работи претходно извести дека за денеска попладне во Скопје се очекува во делови од котлината да биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, па дури и услови за изолирана појава на град.

И за утре се најавува променливо облачно време, кое од пладнето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

