Претседателот на македонското Собрание по излегувањето од базиликата изјави дека двајцата успеале како претставници на двете земји да се состанат и заедно да покажат дека без оглед на политичките и партиските ставови, народите на С Македонија и Бугарија имаат поинакво мислење за нештата што се заеднички
Неговиот колега, претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков, изјави дека иницијативата била заедничка и рече оти многу се радува што на овој убав празник тој и Џафери успеале заедно да положат венци на „нашите првоучители Кирил и Методиј и на тој начин да покажеме како нè поврзува минатото и како ќе нè поврзува иднината“
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и неговиот бугарски колега, претседателот на парламентот во Софија Росен Желјазков, попладнево во исто време положија цвеќе во чест на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.

Џафери положи цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик, додека претседателот на бугарскиот парламент тоа го направи пред спомен-плочата на бугарски јазик.
Двајцата, по свечениот чин кој го означија како „заеднички“, рамо до рамо излегоа од базиликата.
Претседателот на македонското Собрание по излегувањето од базиликата изјави дека двајцата успеале како претставници на двете земји да се состанат и заедно да покажат дека без оглед на политичките и партиските ставови, народите на С Македонија и Бугарија имаат поинакво мислење за нештата што се заеднички.
„Во рамките на чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј ги поминавме сите процедури што според протоколот требаше да ги поминеме со аудиенцијата кај папата, следствено и други средби и секако со задоволство направивме обид и успеавме во тој обид заеднички, ние, двајцата претседатели на парламентите, претставници на народите на нашите земји, да се состанеме и заедно да покажеме уште еднаш дека без оглед на она што се политички и партиски ставови, народите си имаат поинакво мислеење по нештата што се заеднички, што се за добробит на граѓаните и на нашите институции. И од таа причина успеавме тоа да го направиме заеднички. Секој на својата табла положивме венец секако покажувајќи уште еднаш дека парламентите се претставници на граѓаните и ние од името на граѓаните тоа го направивме“,
рече Џафери.

Неговиот колега, претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков, изјави дека иницијативата била заедничка и рече оти многу се радува што на овој убав празник тој и Џафери успеале заедно да положат венци на „нашите првоучители Кирил и Методиј и на тој начин да покажеме како нè поврзува минатото и како ќе нè поврзува иднината“.
„И тоа беше симболиката на денешниот ден. Се радувам што мојот колега, претседателот Џафери, многу пријателски и многу срдечно го направи тоа, како и ние“,
рече Желјазков.

Џафери ја предводи македонската државно-црковна делегација во Рим во која се и пратениците Соња Мираковска од СДСМ, Дафина Стојаноска од ВМРО – ДПМНЕ, Арбер Адеми од ДУИ, генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јовановска Грујовска, и отец Зоран Стојанов од Католичката црква.
Претходно денеска во базиликата „Сан Клементе” во Рим се одржа молебен на гробот на Св. Кирил, со кој чиноначалствуваше митрополитот европски г. Пимен во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и отец Митко Газинковски од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ ОА).
Државно-црковната делегација исто така имаше аудиенција кај папата Франциск.
Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.