Двајцата странски државјани, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, патувале со возило „мерцедес“, а при претресот од граничната полиција во автомобилот со австриски национални ознаки биле пронајдени марихуана, епрувети со кафена течност и други предмети

Шеесет и петгодишник од Република Грција и четириесет и шестгодишник од Австрија, вчера во 12:30 часот, се лишени од слобода на Граничниот премин „Табановце“.
Двајцата странски државјани, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, патувале со возило „мерцедес“, а при претресот од граничната полиција во автомобилот биле пронајдени марихуана, епрувети со кафена течност и други предмети.
„На 21.5.2023, во 12.30 часот, на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор ‘Табановце’ ги лишиле од слобода Н.К. (65) од Република Грција и Х.Ф.М. (46) од Австрија. При преглед во патничко возило ‘мерцедес’ со австриски национални ознаки, кое го управувал Н.К., а сопатник бил Х.Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана, епрувети со кафена течност и други предмети“,
се вели во соопштението од МВР.
Лицата биле предадени на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово за понатамошна постапка.