Денеска времето во земјава претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од седум до 14 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 12 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во следните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на променливо облачно и топло време, со нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град.