Во Битола, пак, се бара казна за едно лице во висина од 2 000 евра
Велешкото обвинителство бара судот да им изрече парични казни на осум лица зашто биле затекнати како се движат за време на полициски час. За секој од нив се бара казна од по 800 евра.
„Обвинетите во одделни кривично правни настани, со патнички автомобил или пеш, се движеле по улиците на Велес, што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес“,
велат од Обвинителството.
Тие се товарат за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Од Битола, пак, информираа дека тамошното обвинителство бара казна за едно лице поради истите причини. Но, за него обвинителот предлага казна од 2 000 евра.