Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.
Утре ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури, а за време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во пораст.