Пожарот избувнал во еден од моторите набргу по полетувањето од меѓународниот аеродром „Трибхуван“ во Непал. Во авионот имало повеќе од 150 луѓе, меѓу кои и 50 патници од Непал
Авион на компанијата „Флај Дубаи“ со повеќе од 150 луѓе се запали за време на полетувањето, објави новинската агенција ПТИ.
Пожарот избувнал во еден од моторите набргу по полетувањето од меѓународниот аеродром „Трибхуван“ во Непал. Во авионот имало повеќе од 150 луѓе, меѓу кои и 50 патници од Непал.
ПТИ првично извести дека авионот се обидувал принудно да слета на аеродромот и дека противпожарните возила се на готовс.
Сепак, Управата за цивилно воздухопловство на Непал соопшти дека авионот моментално бил на пат кон својата дестинација, што укажува дека еден од моторите бил функционален.
#Nepal #UAE : Video reportedly of Flydubai plane that caught fire upon⁰taking off from Kathmandu airport in Nepal & is trying to⁰make landing at airport pic.twitter.com/1eXsPHu8zP
— sebastian usher (@sebusher) April 24, 2023
„Летот 576 на Флај Дубаи од Катманду до Дубаи сега е нормален и продолжува до својата дестинација според распоредот на летови. Работата на аеродромот во Катманду е нормална“,
се вели во соопштението.