Како што соопшти УХМР, во следните денови во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер
Претпладне денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Како што соопшти УХМР, во следните денови во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.
Постабилно ќе биде во текот на утрешниот ден, кога само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. В среда и в четврток ќе дува засилен северен ветер.