Осомничениот подолго време ја држел жртвата заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал при што ѝ нанел и многубројни телесни повреди, се вели во описот од Обвинителството

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово покрена истрага против 21-годишник кој е осомничен за вршење семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница.
Во описот на настанот, за кој е осомничен 21-годишникот, од Обвинителството велат дека тој, почнувајќи од декември 2022 година, вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Осомничениот подолго време ја држел жртвата заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал нанесувајќи и многубројни телесни повреди. Во еден момент, кога осомничениот ја заборавил вратата отклучена, жената ја искористила можноста и успеала да побегне. Потоа 19-годишната жена настанот го пријавила во полиција.
По наредба на јавен обвинител, судот во Тетово на осомничениот му одреди осумдневен притвор.