Мигрантите биле скриени во приколка за резервни делови во камион со српски регистарски таблички, а од цариниците биле откриени при контрола на граничниот премин „Богородица“
Царинската управа информира дека во петокот (14 април) нејзините тимови спречиле илегален влез на петмина мигранти од Конго и Авганистан во земјава.

Мигрантите биле скриени во приколка за резервни делови во камион со српски регистарски таблички, а од цариниците биле откриени при контрола на граничниот премин „Богородица“.
„На 14 април 2023 година, на граничната царинска испостава ‘Богородица’, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички пријавено за транзит, биле пронајдени пет мигранти без документи за идентификација. При детална контрола на возилото извршена со мобилен скенер, во делот од приколката наменет за резервни делови биле пронајдени петте лица со потекло од Конго и Авганистан“,
информира Управата.

Лицата потоа биле предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи (МВР) за нивна понатамошна постапка.