„Јас би преферирал постапката за промена на Уставот да почне најдоцна другиот месец и да заврши пред август, кога се колективните одмори на државните органи, пред се на Парламентот, затоа што потоа полека влегуваме во предизборна атмосфера и атмосферата може да биде само полоша. Не би сакал да видам друг начин за да дојдеме до две третини и промена на Уставот сега во однос на Бугарите, освен преку дебата со опозицијата“, рече претседателот на државата
Постапката за зромена на Уставот за вметнување на Бугарите во него треба да почне најдоцна следниот месец, а единствен начин да се дојде до двотретинскот мнозинство во Собранието е преку дебата со опозицијата, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

„Јас би преферирал постапката за промена на Уставот да почне најдоцна другиот месец и да заврши пред август, кога се колективните одмори на државните органи, пред се на Парламентот, затоа што потоа полека влегуваме во предизборна атмосфера и атмосферата може да биде само полоша. Не би сакал да видам друг начин за да дојдеме до две третини и промена на Уставот сега во однос на Бугарите, освен преку дебата со опозицијата“,
рече Пендаровски.
Според него, Владата, како што вели, ќе го истурка овој процес до крај, а што се однесува до прашањето за предвремени избори што ги бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие нема да ги решат политичките проблеми во државата.
„Се плашам дека не само предвремените, туку и редовните парламентарни избори нема да ги решат длабоките политички проблеми зашто тие не се од вчера. Имаме огромна дупка меѓу два па и три политички блока кои со години наназад се гледаат преку нишан. Мислам дека за да се влоши состојбата, многу придонесе 27 април, а и немаше извинувања за тоа што беше сторено“,
рече шефот на државата.
За барање поддршка втор мандат, претседателот вели дека за тоа би размислувал на почетокот на следната година, во јануари или февруари, односно неколку месеци пред одржувањето на претседателските избори, за да види, како што посочи, дали ќе има поддршка од политичките партии и што мислат граѓаните за неговата досегашна работа.
„Не би сакал да се туркам ако мојот рејтинг е низок“,
рече претседателот Пендаровски.