Мислам дека овој процес, откако ние ќе направиме што треба да се направи, да ги извршиме нашите обврски, ќе оди напред и треба да оди напред за целиот регион. Заедно одевме рака под рака и ќе продолжиме така, но важно е за сите политички чинители да разберат дека ова е момент што не треба да се изгуби бидејќи е отворена можност да одиме побрзо по овој пат и овој процес и ако некој остане назад, ќе назадува и тоа ќе биде неповолност за граѓаните, вели Џачка
Македонскиот шеф на дипломатијата смета дека не е фер да се бара од Албанија, ако не успееме да ги направиме уставните измени, да застане и да не продолжи кон ЕУ, зашто процесот е индивидуален

Мислам дека уставните измени треба да се направат и сите да се покажат свесни дека преку едно такво дејство ќе се отвори патот на интеграциите. Ова е многу важно прашање бидејќи целите за интеграција на државата ќе им дадат поголем просперитет на граѓаните и мислам дека сите политички фактори во државата треба да го имаат интересот на државата и граѓаните во секоја одлука, смета албанската министерка за надворешни работи Отља Џачка.
Џачка на прашањето што ќе прави Албанија ако Северна Македонија не успее навреме да ги донесе уставните измени, таа одговори дека тие стојат рамо до рамо во овој процес и секогаш биле координирани.
„Што се однесува до Албанија, ние сме рамо до рамо во овој процес, секогаш сме биле координирани во овој процес кој има нова динамика во контекстот на ставот на ЕУ за проширувањето. Имајќи го предвид фактот дека ЕУ е посвесна за потребите за инвестиција во нашиот регион и посвесна за тоа колку е поврзан целиот процес на проширување со европската сигурност. Мислам дека овој процес, откако ние ќе направиме што треба да се направи, да ги извршиме нашите обврски, ќе оди напред и треба да оди напред за целиот регион. Заедно одевме рака под рака и ќе продолжиме така, но важно е за сите политички чинители да разберат дека ова е момент што не треба да се изгуби бидејќи е отворена можност да одиме побрзо по овој пат и овој процес и ако некој остане назад, ќе назадува и тоа ќе биде неповолност за граѓаните. Затоа оваа работа не треба да се дозволи“,
нагласи Џачка.
Македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи, во врска со ова прашање, додаде дека многу луѓе очекуваа минатото лето дека Албанија ќе почне да лобира да продолжи сама ако С Македонија не успее да се договори со Бугарија и дека Албанија ќе почне да тактизира со Бугарија.
„Но, тоа што го направи Албанија е за секоја почит, сите во С Македонија кажавме. Позицијата е дури и многу силна на премиерот Рама наспроти Бугарија за нејзините пречки кон Македонија. Некогаш беше посилен и од тонот на С Македонија и навистина сме му благодарни што во ниту еден момент Албанија не тактизираа за своја позиција, туку кажа дека ако регионот се движи кон ЕУ нема да користи само со една држава. Тоа е повеќе знак на големото пријателство и доверба меѓу нашите земји“,
рече Османи.
Според него, не е фер да се бара од Албанија, ако не успееме да ги направиме уставните измени, да застане и да не продолжи зошто процесот е индивидуален.
„Процесот се базира на меритократија на секоја држава посебно. Како што кажа министерката тоа е неповторлив момент во наметната динамика. Поголемата свест на ЕУ креира историска можност во 2030 година сите да бидеме внатре во ЕУ, дали ќе ја искористиме таа шанса или ќе го повториме тоа што ни се случи пред 15 години, како со Грција останува во наши раце. Дали ќе се изолираме или ќе бидеме дел од овој брз воз што не води директно во Брисел е одлука на секој пратеник во Собранието“,
додаде Османи.