Исто како што се справувавме со африканската чума пред неколку години, ќе се справиме и сега. Ќе се помогнат сите одгледувачи за повторно полека да се вратиме. Гарантирам дека свежо свинско месо ќе има доволно на трпезата на секој граѓанин, вели вицепремиерот

Нема да се доведеме во ситуација да увезуваме свежо свинско месо поради ситуацијата со африканската чума во некои делови од државата, уверува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Но, тој вели дека мора да се преземат превентивни мерки заради заштита од африканската чума.
„Штетата може да биде многу поголема не само кон одгледувачите туку и кон населението и затоа моравме да преземеме мерки. Исто како што се справувавме со африканската чума пред неколку години, ќе се справиме и сега. Ќе се помогнат сите одгледувачи за да повторно полека се вратиме. Гарантирам дека свежо свинско месо ќе има доволно на трпезите на секој граѓанин. Има доволно количини во нашата држава“,
вели Битиќи.
Запознаен е со информациите за оваа тема, Битиќи вели дека состојбата на контролиран начин ја следат Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и додава дека никој нема да биде оштетен.