Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата потенцира дека за една недела цената на дизелот е намалена за 4,5 денари, а оти тој тренд ќе продолжи и оваа недела
Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по пониски цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, дизелот поевтинува за денар и половина, а бензините за половина денар.
Па така, литар дизел од полноќ ќе чини 74 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 81 денар за литар, а бензинот еуросупер БС-98 ќе има цена од 83 денари за литар.
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата потенцира дека за една недела цената на дизелот е намалена за 4,5 денари, а оти тој тренд ќе продолжи и оваа недела.
„Се враќаме на цената на горивата од февруари минатата година, што ќе има позитивно влијание врз намалување на инфлацијата“,
изјави министерот Бектеши.
Освен бензините и дизелот, Регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ да се намалат и цените на екстра лесното масло и на мазутот. Екстра лесното масло поевтинува за половина и ќе се продава за 73,5 денари за литар, а мазутот од ноќеска ќе чини 38,130 денари за килограм.
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 проценти во однос на одлуката од 17 месецов.
