Таа на Твитер напиша дека САД ги повикуваат двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски
Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, денеска изјави дека САД го поздравуваат, како што наведе, договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Таа на Твитер напиша дека САД ги повикуваат двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски.
„Го поздравуваме договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија со поддршка на ЕУ и САД и ги повикуваме двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски“,
напиша Вотсон.
Разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со посредство на Европската Унија, вчера во Охрид траеја повеќе од десет часа. По состанокот, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел соопшти дека Србија и Косово се согласиле за анексот за имплементација, кој заедно со Договорот, ќе биде дел од европскиот пат на двете страни.
Борел рече дека договорот и анексот се сметаат за усогласени и прифатени од двете страни и дека ќе се сметаат за усвоени, односно ќе важат, откако тој ќе даде изјава дека е така или со објава од негова страна.
Српската Н1 синоќа го објави анексот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, договорен по маратонските разговори во Охрид.
Што содржи анексот на договорот за патот кон нормализација на односите на Белград и Приштина