Прашан дали не смета оти организирањето избори двапати во истата година е поголем трошок, Ковачевски нагласи дека според законот, претседателските и парламентарните избори се два одвоени процеса и за нив, како што рече, се одвоени средства од Буџетот
Говорејќи на, деновиве повторно актуелната тема за парламентарните избори, премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното интервју за ТВ Сител уште еднаш нагласи дека парламентарните избори ќе бидат во својот редовен термин во 2024 година, откако претходно истата година граѓаните ќе гласаат на претседателските избори.
„Прашањето за предвремени парламентарни избори е затворено. Изборите – прво претседателски ќе се случат во својот термин 2024 година, а потоа ќе има парламентарни избори“,
кажа премиерот.

Прашан дали не смета оти организирањето на избори двапати во истата година е поголем трошок, Ковачевски нагласи дека претседателските и парламентарните избори се два одвоени процеси и за нив, како што рече, се одвоени средства од Буџетот.
„Тие според закон се два различни процеси и ако ги погледнете датумите кога ќе се одржат – се два различни процеси. Трошоците за нив се предвидвидени во Буџетот зашто законите треба да се почитуваат и демократските процеси во државата мора да се одвиваат на врвно ниво бидејќи ние сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ и земја којашто во најтешкиот период за Европа по Втората светка војна преговара со ОБСЕ“,
рече во својот одговор Ковачевски.
Со уверување нагласи дека и на парламентарните, и на претседателските избори во 2024 година ќе победи каднидатот кој ќе го предложи партијата чиј лидер е – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).