Мажот, кој бил во цивилна облека кога бил уапсен, очигледно се одвоил од својата единица во септември додека бегале од украинската контраофанзива. Сè уште не е јасно како успеал да се крие толку долго по руското повлекување

Украинската полиција уапси руски војник кој се криел во напуштени згради околу шест месеци по ослободувањето на регионот Харков. Полициски службеници вчера пронашле и привеле 42-годишен војник од 27-та руска гардиска бригада додека патролирале во селата во областа Купјанск-Вузловји.
„Откако го претресовме, излезе дека тој е маж од Московскиот регион и дека припаѓа на 27-та гардиска мотострелачка бригада на Руската Федерација. Уапсениот тврдеше дека се криел од украинските вооружени сили уште од ослободувањето на Округот Купјанск“,
се вели во полициското соопштение, пренесува „Гардијан“.
Мажот, кој бил во цивилна облека кога бил уапсен, очигледно се одвоил од својата единица во септември додека бегале од украинската контраофанзива. Сè уште не е јасно како успеал да се крие толку долго по руското повлекување. Имено, набргу по ослободувањето, украинските власти спровеле опсежна операција од врата до врата за пронаоѓање на руските војници кои останале во регионот.
„Властите добија дојава за руска диверзантско-инфилтрациона група во областа и воведоа построг полициски час во градот, кој сега ќе трае од 17:00 до 6:30 часот“,
рече вчера шефот на регионалната воена управа на Херсон, Олександр Прокудин.
Полицискиот час е воведен за да се спречат цивилни жртви додека војниците и полицијата трагаат по руски инфилтратори.
„Ве молиме третирајте ја оваа ситуација со разбирање. Останете смирени и помогнете им на одбранбените сили во елиминирањето на руските сили“,
додаде тој.