Говорејќи на еден од панелите во рамките на конференцијата, Гир рече дека на ЕУ ѝ е јасно дека во Северна Македонија постои разочарување поради тоа што процесот на евроинтеграција трае предлог, но посочи дека перспективата на земјата да се приклучи кон ЕУ е кредибилен процес кој е достижен и реален
Отворањето на скрининг-процесот со Европската Унија (ЕУ) почна и сега фокусот не треба да се премести на спроведувањето на реформите кои се потребни, порача евроамбасадорот Дејвид Гир на Вториот економски форум во Скопје.

Тој истакна дека заложбата на Европската Унија кон проширувањето, особено со Северна Македонија, не е милост туку процес од заемен интерес кој треба да заврши со членство на земјава во Унијата.
„Европската Унија и нејзината заложба кон процесот на проширување особено со оваа земја не е милост туку тоа е заемен интерес и јасно е дека за нашата безбедност, просперитет и демократски интерес е вие да бидете дел од Европската Унија. Отворањето на преговорите, отворањето на скриниг-процесот почна така што сега фокусот треба да се премести на спроведувањето на реформите кои што се потребни“,
рече Гир во своето обраќање на економскиот форум кој е во организација на Економскиот форум „Делфи“ и Грчката бизнис-асоцијација во Скопје.
Ова не е лесен процес, истакна Гир, истовремено потенцирајќи и оти не станува збор за голема земја која веќе има многу постигнато во процесот на реформи.
Говорејќи на еден од панелите во рамките на конференцијата, Гир рече дека на ЕУ и е јасно дека во Северна Македонија постои разочарување поради тоа што процесот на евроинтеграција трае предлого, но посочи дека перспективата на земјата да се приклучи кон ЕУ е кредибилен процес кој е достижен и реален.