Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри од градот Малатија. Засега нема информации за евентуални повредени и жртви
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утринава повторно ја погоди источна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри од градот Малатија, кој се наоѓа во турската област Источна Анадолија. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.
На социјалните мрежи веќе се објавуваат видеа од земјотресот.
Засега нема информации за евентуални повредени и жртви. Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на месецот се искачи на 44 374.