Утре, пак, се очекува променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло време

Променливо облачно со појава на слаб локален дожд претежно претпладне во источните делови, најавува УХМР за денеска.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а утринската температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени, додека дневната ќе достигне најмногу 18 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од јужен правец со максимална температура од 17 степени.
За утре, пак, УХМР најавува променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло време. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието и особено во западните делови повремено ќе засилува.