Дијагностицирање на нови пациенти со коронавирус сега ќе се прави и во поликлиниките „Чаир“ и „Млин Балкан“, а ќе се отворат и нови по еден до два пункта за тестирање и низ градовите во внатрешноста
Се отвораат два нови пункта за тестирање за коронавурусот во Скопје. Едниот ќе почне да функционира од утре во поликлиниката „Чаир“, а другиот до крајот на следната седмица во поликлиниката „ Млин – Балкан“. Министерот за здравство Венко Филипче информира денеска дека од следната седмица се отвораат уште дополнителни по еден односно по два пункта, согласно големината на здравствениот дом и институција, во други градови во земјава.
Со ова, рече Филипче, се надополнуваат 14 пункта во центрите за јавно здравје, а новите ќе бидат во здравствените домови. Системот на пријавување за тестирање останува ист, односно ќе оди преку матичните лекари. Сметаме, рече Филипче, дека тоа е идеалниот принцип затоа што треба да се направи евалуација и епидемиолошка анкета и согласно со тоа да се направи тестирањето.
„Комисијата во Министерството за здравство го заврши увидот во сите приватни здравствени установи, освен во една и во двете приватни болници „Жан Митрев“ и „Систина“, како и во лабаторијата „Авицена“, а во текот на утрешниот ден и во лабаторијата „Биотек“. Согласно со тоа, ќе се направи план и за искористување на тие капацитети, а во Фондот веќе работат на наоѓање начини на соработка“,
рече Филипче.
Тој рече дека согласно со потребите ќе се зголеми и бројот на тестирањата, според епидемиолошките податоци и јавувањата кај матичните лекари. Подготвен е и системот на мобилни тимови и тој ќе почне да функционира следните денови во Скопј, пред се до семејства и лица кај кои материјалот треба да се земе побрзо.
„Продолжуваме со идентификација на луѓето со симптоми и продолжуваме со мерките. Веќе се прават по 200 до 300 тестови на ден во Институтот за јавно здравје. По утрешената посета на една од приватните здравствени институции ќе го видиме и вкупниот капацитет со кој држават може да располага и да прави тестови“,
рече Филипче.