Бислимовски ја отфрли како неизводлива идејата за воведување евтина тарифа за струја во текот на целиот ден
Постои можност сметките за потрошена електрична енергија за март, април и мај годинава да се плаќаат на рати поради актуелната состојба со коронавирусот, изјави за Канал 5 денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
„Целта е да не им бидат товар на потрошувачите. Покрај тоа, и потрошувачите кои од претходно беа исклучени поради неплатени сметки за електрична енергија повторно се приклучени на мрежата“,
рече Бислимоски.
Сепак, тој ја отфрли како неизводлива идејата за воведување евтина тарифа за струја во текот на целиот ден, пред сè од економски аспект.
„Нашата анализа покажува дека доколку се воведе евтина тарифа на електрична енергија во текот на целиот ден за едно просечно семејство трошоците би се намалиле за 400 денари на месечно ниво, а вкупниот трошок за воведувањето на евтина тарифа би изенесувал 5,5 милиони евра месечно“,
објасни Бислимоски.
РКЕ, како што кажа, побарала од БЕГ да го зголеми прагот за вклучување на парното греење во Скопје од минималната гранична температура од 15 степени, како што е пропишано, на 16 или 17 Целзиусови степени, што според Бислимовски веќе се реализира.