Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, порача Зечевиќ
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор Ивона Кузмановиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев, информираат од владејачката партија.
„Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме. Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите. Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава“,
порача Зечевиќ.