Во цела држава сообраќајот се одвива непречено и на места по влажни коловози
Слаби врнежи од снег има кај Страцин и на планинскиот премин Ѓавато, но нема пречки во сообраќајот, соопшти АМСМ во вечерашниот извештај за состојбата на патиштата.
Оттаму препорачуваат возачите да ја приспособат брзината на движење и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, како и внимателно да се вози особено на делниците каде се можни одрони.
Инаку, во цела држава сообраќајот се одвива непречено и на места по влажни коловози.
Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а нема задржувања ниту на граничните премини за влез и излез од државата.