Екипи на Министерството за внатрешни работи се на самото место и вршат увид
Сообраќајна незгода на улицата „Ѓорче Петров“, утрово, предизвика метеж и блокирање на сообраќајот. Незгодата се случила на главната улица во населбата кај старото кино.

Екипи на Министерството за внатрешни работи се на самото место и вршат увид. Засега нема повеќе детали околу причините за несреќата и околностите во кои се случила.



