Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Под влијание на влажен бран времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период од годината и врнежи претежно од дожд.
Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени, а максималната од 9 до 17 степени.