Завчера (23 март) биле тестирани вкупно 232 лица, во неделата се тестирани 115, а во саботата 153 материјали во Институтот за јавно здравје и во клиниката „Жан Митрев“
Рано е да се извлекуваат какви било заклучоци, пикот допрва следува, вели извор од здравствените власти
Надолниот тренд во бројот на новозаразени во земјава во понеделникот и неделата (23 и 22 март) во споредба со саботата (21 март), која засега е ден со најголем број новорегистрирани случаи, израдува многумина. Сепак, извор од здравствените власти вели дека е рано да се носат заклучоци, особено што пикот на заразени во земјава се очекува во втората половина на април.
Инаку, еве што покажува статистиката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за бројот на тестирани и процентот на позитивни.
Во понеделникот (23 март) тестирани се вкупно 232 материјали, од кои 132 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 100 во лабораторијата на клиниката „Жан Митрев“. Позитивни се 12 или 5,2% од тестираните, од нив 9 се потврдени во лабораторијата при ИЈЗ, додека 3 се потврдени во „Жан Митрев“.
Во неделата (22 март) тестирани се вкупно 115 материјали. Од нив 108 во лабораторијата при ИЈЗ и 7 во „Жан Митрев“. Позитивни биле 19,1% од тестираните, односно 21 се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, додека еден е потврден во приватната клиника „Жан Митрев“.
Во саботата (21 март) тестирани се вкупно 153 материјали, при што 98 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје и 55 во „Жан Митрев“. Од нив, позитивни се 18,3% – 6 се потврдени во ИЈЗ, а 23 се потврдени во лабораторијата на „Жан Митрев“.
Кон пладне се очекуваат податоците за претходните 24 часа, односно за вторник (24 март).