Посетата на советникот на Стејт департментот на земјава е во рамки на балканската турнеја во која освен Скопје, Шоле ќе ги посети и Белград и Приштина. Целта на оваа турнеја, како што претходно нагласија од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан
Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод денешната посета на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, на Скопје.
„Нашето силно стратегиско партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби“,
најави премиерот.
Од фотографиите кои Ковачевски ги објави на својот Фејсбук профил, може да се забележи дека тој на Шоле му подарил македонски дрес.
Посетата на советникот на Стејт департментот на земјава е во рамки на балканската турнеја во која освен Скопје, Шоле ќе ги посети и Белград и Приштина. Целта на оваа турнеја, како што претходно нагласија од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.
На 12 јануари Шоле ќе продолжи во Белград, каде што со раководството на српската влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристап во ЕУ. Тој, исто така, ќе разговара за улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во дијалогот олеснет од ЕУ за нормализирање на односите со Косово.
Посетата на Шоле на земјите од Западен Балкан беше најавена за декември минатата година, но тој ја откажа својата турнеја во последен момент поради позитивен тест на ковид.