Без да каже конкретни имиња, Мицкоски тврди дека огромно мнозинство од пратениците на СДСМ и ДУИ рефлектираат позиција дека сакаат да има предвремени избори и да дојде крајот на оваа Влада
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека уставните измени би биле предавство, а не обединување. Toj останува на барањето за предвремени избори, кои очекува да се случат најдоцна до втората половина на мај.
„Ние не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните промена на Устав. Не излеговме на избори ветувајќи потпишување на капитулација и предавство. Тој што тоа го потпишуваше треба да знае дека нема услови тоа да го испорача. И токму тоа е еден од оние моменти кои внесуваат раздор меѓу македонскиот народ. Тоа што јас како човек можам да кажам е да бидеме чесни и да се обединиме околу чесноста кон граѓаните која ќе ја рефлектираме, а за тоа ни се потребни брзи предвремени парламентарни избори на кои секој од нас ќе излезе со своја програма, со свој начин на решавање на овој проблем, па граѓаните се тие кои се суверен и тие нека одлучат како ќе го решат. Проблемот го имаме, ни го донесе оваа влада на ДУИ и СДС и ние треба да го решаваме тој проблем ако сакаме да одиме напред и да обезбедиме онаква држава каква што заслужуваат нашите граѓани“,
кажа Мицкоски по централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.
Без да каже конкретни имиња, Мицкоски тврди дека огромно мнозинство од пратениците на СДСМ и ДУИ рефлектираат позиција дека сакаат да има предвремени избори и да дојде крајот на оваа Влада.
„Апсолутно остануваме на барањето за предвремени извори, за да може да тргне земјата напред. Да се обединиме околу тоа и да поддржиме предвремени избори најдоцна кон средината или втората половина на мај. Имајќи го предвид карактерот на ДУИ и СДСМ, опструираното судство и обвинителство, методите на кои се подготвени за да ги задржат фотелјите, не би одел со имиња. Ценам дека ова што нас не охрабрува и нивните позиции за предвремени избори ќе додржат до крај и кон крајот на јануари, најдоцна почетокот на февруари ќе изгласаме распуштање на Парламентот, средината на февруари формирање техничка влада и избори втората половина на мај“,
рече Мицкоски.