На заедничката видео-конференција со рускиот министер за обрана Сергеј Шојгу и командантот на фрегатата Игор Крохмал, Путин рече дека бродот е вооружен со најновиот хиперсоничен ракетен систем „циркон“, и му посака успех на екипажот во, како што рече, неговата служба за доброто на татковината
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека испратил фрегата (воен брод) по име „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“ кон Алтанскиот и Индискиот Океан вооружена со нови хиперсонични крстосувачки ракети „циркон“, за кои рече дека се единствени во светот, јави Ројтерс.
На заедничката видео-конференција со рускиот министер за обрана Сергеј Шојгу и командантот на фрегатата Игор Крохмал, Путин рече дека бродот е вооружен со најновиот хиперсоничен ракетен систем „циркон“, и му посака успех на екипажот во, како што рече, неговата служба за доброто на татковината.
Министерот за одбрана Шојгу рече дека воениот брод ќе плови до Атлантскиот и Индискиот Океан и до Средоземното Море.
„Овој брод е способен да изведе прецизни и моќни удари против непријателот на море и на копно“,
рече Шојгу.
Тој додаде дека хиперсоничните ракети, познати по името „циркон“ можат да го надминат секој систем за противракетна одбрана. Истакна дека ракетите летаат со девет пати поголема од брзината на звукот и имаат дострел од над 1 000 километри.
Русија, Кина и САД моментално се во трка со хиперсонично оружје. Поради нивната брзина – над пет пати поголема од брзината на звукот – и способноста за маневрирање, на ваквото оружје се гледа како на начин да се добие предност пред секој противник.
Целта на хиперсоничното оружје е многу потешко да се пресмета отколку за интерконтиненталните балистички ракети.