Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјава и со тоа бројката се искачи на 148 регистрирани случаи, соопшти Министерството за здравство.
Новозаразените со коронавирус се од Скопје (7) и Куманово (5).
Конкретно, според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје (88), Дебар (40), Куманово (8), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).
Од вкупната бројка на регистрирани 148, две лица починаа, а едно е излекувано.
*Поврзана вест
ИЈЗ: 24 од 136 регистрирани случаи на коронавирус се директно увезени во Македонија