Температурата наутро ќе биде од -4 до 3 степени, а во текот на денот од 3 до 16 Целзиусови степени
Времето денеска во поголем дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата.
Температурата наутро ќе биде од -4 до 3 степени, а во текот на денот од 3 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Наутро во Скопје температурата ќе биде 0, а во текот на денот ќе се искачи до 4 Целзиусови степени.
И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, а во вечерните часови и во текот на ноќта по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во Скопје, утре времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од УХМР.