Специјалното обивнителство на Косово соопшти дека оваа промена е направена поради здравствената состојба на Пантиќ. Информацијата за промена на мерката притвор, изречена на 12 декември, во куќен притвор, во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на Основниот суд во Приштина, Мирлинда Гаши
Апсењето на Пантиќ беше повод за поставување барикади од страна на локалните Срби во општините во северно Косово со мнозинско српско население и за блокада на патиштата кои водат кон граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ меѓу Косово и Србија
Косовскиот суд донесе одлука со која мерката (затворски) притвор што му беше одредена на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ кој беше уапсен пред дваесетина дена како осомничен за подготвување вооружени напади врз општинските изборни комисии и полициските патроли во северно Косово, е заменета за домашен притвор.

Апсењето на Пантиќ беше повод за поставување барикади од страна на локалните Срби во општините во северно Косово со мнозинско српско население и за блокада на патиштата кои водат кон граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ меѓу Косово и Србија.
Специјалното обивнителство на Косово соопшти дека оваа промена е направена поради здравствената состојба на Пантиќ.
Соопштено е дека по посетата на медицинските тимови на мисијата на ЕУЛЕКС било утврдено дека тој не е во добра здравствена состојба и било препорачано да биде испратен во болнички центар, „но таа препорака не е исполнета. .
Небојша Влајиќ, адвокат Пантиќ, за реагионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) потврдил дека притворот на неговиот клиент е заменет со домашен притвор.
Информацијата за промена на мерката притвор, изречена на 12 декември, во куќен притвор, во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на Основниот суд во Приштина, Мирлинда Гаши, јави дописникот на МИА од Приштина.
„На барање на Специјалното обвинителство за промена на мерката притвор со куќен притвор, судот го одобри брањето и ја промени мерката“,
изјави Гаши.
По пуштањето од притвор на Пантиќ, се огласи и неговиот син Предраг, кој за ослободувањето на неговиот татко му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Нема посреќни од нас сега. Благодариме на сите, благодариме на народот, благодариме на Србија, посебна благодарност за претседателот Вучиќ“,
изјави Предраг Пантиќ за белградски „Новости“.
Инаку, Српска листа, главната партија на Србите на Косово, претстави неколку услови за отстранување на барикадите, што беа поставени по апсењето на Пантиќ, а еден од нив е ослободување на уапсените Срби.
Српските власти претходно изјавија дека властите во Косово не му понудиле на Патиќ соодветна медицинска помош, но косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла на 22 декември изјави дека тој е во добра здравствена состојба.