Во лавината која започнала околу 15 часот кај врвот Триткопф, во популарната скијачка област Лех и Зурс во австриската провинција Форарлбег се затрупани околу 10 лица, иако нивниот точен број се уште е непозат.
На местото на несреќата се испратени хеликоптери и спасувачки екипи, а во потрагата учествуваат нешто над 200 луѓе. Спасувачите со шлемови со монтирани светилки ќе продолжат со спасувачката операција и потрагата по лицата и доцна во вечерните часови.
„Правиме се што е можно за да ги спасиме луѓето“,
се вели во соопштението на општината.
Во текот на неделата неколкупати пристигнуваа предупредувања за можна појава на лавини на австриските планини.