Клучните борбени области се околу градот Бахмут на источниот фронт и ги вклучуваат градовите Авдивку, Купјанск и Лиманск во провинцијата Донбас
Русија носи нови сили на боиштата во источна и јужна Украина, соопшти денеска украинската команда, според информациите на разузнавачките служби.
„Непријателот го зголеми количеството на железнички транспорт на војници, опрема и муниција до борбените зони“,
соопшти украинската команда во Киев.
Клучните борбени области се околу градот Бахмут на источниот фронт и ги вклучуваат градовите Авдивку, Купјанск и Лиманск во провинцијата Донбас.
Засилување за руската страна е забележано и на југот на земјата, соопшти командата. Сепак, новите трупи во регионот Херсон ќе бидат распоредени само за зајакнување на одбранбените линии.
Тврдењата на украинската команда не можеа независно да се проверат.