Проценките на националанта железничка компанија СНЦФ се дека наредниот празничен викенд нема да сообраќаат третина од возовите, а откажани се речиси сите поаѓања на брзите возови „Те-Же-Ве“
Околу 200 илјади патници во Франција денеска се обидуваа да ги вратат или заменат купените билети, по најавеното откажување на стотици возови поради најавениот штрајк на железничарите за Божиќните празници.
Кондуктерите во Француската железница го одбија понуденото зголемување на платите за 12 отсто во текот на наредните две години.

Проценките на националната железничка компанија СНЦФ се дека наредниот празничен викенд нема да сообраќаат третина од возовите, а откажани се речиси сите поаѓања на брзите возови „Те-Же-Ве“.
Диспечерите на возовите кои повторно ќе штрајкуваат поради платите и се незадоволни од статусот на железницата, имаат многу важна улога во функционирањето на железничкиот сообраќај бидејќи се грижат за безбедно движење на возовите покрај пругите, за ракување со сигнализацијата и сигурносни уреди, товарење и контрола на составот на возовите.
Државната железничка компанија СНЦФ и Владата ги критикуваа кондуктерите што го одбија предложеното зголемување на платите.
Генералниот директор на Одделот за превоз на патници на СНЦФ, Кристоф Фанише, денеска ја повтори минатогодишната изјава дека е „скандалозно” да се штрајкува за време на празниците, а портпаролот на француската влада, Оливие Веран, предупреди дека „не се штрајкува за Божик“.
Според туристичките сајтови побарувачката за авионски билети била зголемена за четири пати откако беше најавен штрајкот.
Исто така, и компаниите за изнајмување автомобили објавиле нагло зголемување на резервациите.