Причината за ваквата гужва е тоа што се асфалтира едната лента од коловозот, поради што сообраќајот отежнато се одвива во другите две ленти
Утринава е вистински хаос на улицата кај Народна банка и „Веро Џамбо“. Читатели на „360 степени“ велат дека од Железничка станица до „Веро Џамбо“ им требаат 20 минути со автомобил.
Причината за ваквата гужва е тоа што се асфалтира едната лента од коловозот, поради што сообраќајот отежнато се одвива во другите две ленти.
Скопјани коментираат дека главниот град никогаш досега не бил во тотален хаос со сообраќајот. Автобуси нема, се чека по еден час на автобуските станици, а и ако дојде автобус, треба да се молиш да не е преполн, коментираат наши читатели.
Од друга страна, ако тргнеш со автомобил, ти треба повеќе од еден час за да стигнеш до посакуваната дестинација, додаваат тие.






