Акцијата се „заканува“ да предизвика скандал во Европскиот парламент, особено во пратеничката група на социјалистите и демократите, која последниот месеци беше критикувана поради „мекиот“ став кон Катар
Белгиската полиција денеска наутро привела четири лица и извршила претрести во 16 домови во и околу Брисел, како дел од истрага за корупција односно катарско лобирање во Европскиот парламент.
Во соопштението од белгиските органи на прогонот не се наведува конкретната земја за која се лобирало, но повеќе медиуми објавија дека станува збор за Катар.
„Неколку месеци, истражителите се сомневаат дека една земја од Персискиот залив влијаела врз економските и политичките одлуки на Европскиот парламент“,
пишува во соопштението од белгиското обвинителство.
Она што треба да го открие истрагата, наведува белгискиот „Кнак“, е дали Катар се обидел да влијае на позициите на Европарламентот на начини што го надминуваат класичното лобирање.
Акцијата е спроведена како дел од поширока истрага за „криминална организација, корупција и перење пари“.
Според белгиските медиуми, меѓу приведените е и поранешен европратеник на социјалистите и демократите.
Акцијата се „заканува“ да предизвика скандал во Европскиот парламент, особено во пратеничката група на социјалистите и демократите, која последниот месеци беше критикувана поради „мекиот“ став кон Катар.
Во денешните претреси, биле запленети околу 600 000 евра во готовина, мобилни телефони и компјутерска опрема.
Photo: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON